Англискиот првак Манчестер Сити ќе биде без услугите на Бенјамин Менди на почетокот од новата сезона во Премиер – лигата. Малерозниот фудбалер повторно заработи повреда, овојпат на коленото, и се очекува да паузира најмалку два месеци. Тој од доаѓањето на „Етихад“ во 2017 година имаше дури седум повреди и има одиграно само 23 натпревари. Прецизните британски новинари пресметаа дека одиграл вкупно 1.721 минута и дека за една минута на теренот просечно заработувал по 35.000 фунти.
Менаџерот Пеп Гвардиола сега ќе мора повторно да му даде шанса на Зинченко или пак на младиот Анџелино, кој се врати од позајмица во ПСВ Ајндховен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА