Сити без грешка на гостувањето кај Кристал Палас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити останаа во потера по првопласираниот Арсенал со победата на гостувањето кај Кристал Палас, победувајќи со 0-3. Со еден гол во првиот и два во вториот дел, „граѓаните“ дојдоа до победата број 11 од 16 натпревари во Премиерлигата, и ја продолжија низата на триумфи.

И покрај тоа што Кристал Палас одлично го почна мечот, ја имаше контролата, ја погоди и пречката, Халанд од својата прва шанса успеа да го совлада Хендерсон за предност на гостите.

Во вториот дел во 69. минута на додавање на Черки, Фил Фоден од 20 метри упати прецизен удар по земја за да го зголеми резултатот на 0-2. Палас не се предаваше, и нападна веднаш да намали, но одбраната и Донарума не дозволија такво нешто.

Во 89. минута Халанд од белата точка ги постави конечните 0-3. 

Се вчитува...