Давид Сила нема да биде во составот на Менчестер сити за вечерашниот дуел со Њукасл во рамките на 20.коло во англиската Премиер-лига. Британските медиуми информираат дека фудбалерот на Сити денеска изненадно отпатувал во Шпанија и најверојатно ќе ги пропушти следните неколку натпревари што му претстојат на Манчестер сити во овој празничен период.
Засега не е потврдено, но според шпекулациите причина за заминувањето на Давид Силва во Шпанија се приватните проблеми.
Шпанскиот фудбалер сезонава насташи на 18 натпревари во Премиер-лигата во кои запиша пет гола и осум асистенции.
Покрај Силва, вечерашниот дуел против Њукасл најверојатно ќе го пропушти и Кевин де Бруин кој изминативе денови имал настинка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА