Манчестер сити требаше да има водство од 2-0 на дуелот со Ливерпул, но вториот погодок на „граѓаните“ на вечерашниот дуел беше неоправдано поништен од страна на шпанските арбитри.
По една мешаница топката дојде до Сане, кој се наоѓаше зад голманот Кариус и ја смести топката во мрежата. Помошниот судија покажа офсајд, но не забележа дека топката до фудбалерот на Сити стигна од Милнер, а не од Хесус, па голот беше сосема регуларен.
Претходно, „граѓаните“ при водство од 1-0 го погодија и дирекот преку Бернардо Силва, целосно доминирајќи во првите 45 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА