Фудбалерите на Манчестер сити стигнаа до голема победа од 1-2 на гостувањето кај Реал Мадрид во најинтересниот натпревар од вечерашната понуда од 6. коло во новата сезона од Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Родриго кој успеа да се запише во листата на стрелците по пауза од 32 натпревари. Гостите брзо израмнија на 1-1 преку O’Рејли во 36. минута, додека конечните 1-2 ги постави Ерлинг Халанд од пенал во 43. минута.
Real Madrid 1 – [2] Manchester City – Erling Haaland 44' (Penalty)
byu/ayoefico insoccer
Елиф Елмас и Наполи загубија на гостувањето кај Бенфика со 2-0. Стрелци на головите за домаќините беа Риос во 20. и Бареиро во 49. минута. Нашиот Елмас повторно беше стартер и одигра 80. минути.
Benfica [2] – 0 Napoli – L. Barreiro 48'
byu/austinoabu insoccer
Во останатите мечеви од вечерашната понуда: Атлетик Билбао – ПСЖ 0-0, Баер Л. – Њукасл 2-2, Борусија Д. – БОДО 2-2, Бриж – Арсенал 0-3 и Јувенутс – Пафос 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

