Манчестер Сити уште повеќе ќе го засили својот дрим-тим, носејќи го во своите редови Жоао Кансело од редовите на Јувентус. Пеп Гвардиола не беше задоволен од променливите игри на Кајл Вокер минатата сезона, поради што инсистираше на ангажман на нов десен бек.
Изборот падна врз Кансело, за Португалецот се преговараше уште пред два месеци, но „граѓаните“ одбиваа да платат 60 милиони евра, колку што Јуве бараше за португалскиот интернационалец. Сепак, ситуацијата се промени откако англискиот првак во преговорите го вклучи Данило, бразилскиот десен бек кој веднаш би му се ставил на располагање на Маурицио Сари. Преговорите меѓу клубовите траеја помалку од една седмица, за на крајот да биде постигнат целосен договор, Сити да го добие Кансело во размена за Данило и доплата од 35 милиони евра.
Трансферот ќе биде комплетиран в понеделник, а се очекува поради ова Данило воопшто да не настапи на утрешниот меч од „Комјунити Шилд“ меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА