Сити го „потопи“ Јунајтед во градското дерби на Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер сити го „потопи“ Манчестер јунајтед победувајќи со 3-0 во градската дерби пресметка на 4. коло од Премиерлигата на Англија.

„Граѓаните“ ја оправдаа фаворитската улога целосно доминирајќи против „црвените ѓаволи“ кои се уште „се бараат“ на стартот од сезоната во најсилната европска лига.

Сити поведе уште во 18. минута од средбата со голот на Фоден, а потоа Халанд стрелаше двапати во 53. минута и во 68. минута за конечни 3-0.

Се вчитува...