Сити го повлече својот талент од Леверкузен и го испрати во Шпанија

Играчот од офанзивниот дел на средниот ред Клаудио Ечевери во следните шест месеци ќе настапува како позајмен од Манчестер Сити во Џирона. Овој фудбалер беше дел од Баер Леверкузен во првиот дел од сезоната, но поради малата минутажа, „граѓаните“ се одлучија да го повлечат во своите редови.

Ечевери (20) во есенскиот дел играше само на шест натпревари, од кои не успеа да постигне ниту еден гол, ниту да запише асистенција. Тој дојде во Леверкузен како замена за Вирц, но досега не го покажа својот раскошен талент, и сега ќе има можност да се докажува во Шпанија.

Сити го купи Ечевери од Ривер Плејт за 18,5 милиони евра во 2024 година, но досега мина на две позајмици. Најпрво во Ривер, а сега и во Леверкузен. Ова ќе му биде трет клуб во кој ќе настапува како позајмен.

Се вчитува...