Сити го продава Кансело, но доаѓа нов Португалец

Раководството на Манчестер Сити планира европскиот шампион да остане максимално активен на пазарот до самиот крај на преодниот рок. Останувањето на Бернардо Силва и потпишаниот нов договор е одлична вест за „граѓаните“, кои планираат да доведат уште еден Португалец во средниот ред за Пеп Гвардиола.

Станува збор за Матеус Нуњеш, португалскиот плејмејкер од редовите на Вулверхемптон кој до лани со голем успех настапуваше за Спортинг Лисабон. „Волците“се соочуваат со сериозни финансиски проблеми и веќе продадоа неколку првотимци, а Сити на тоа гледа како на шанса за да стигне до потписот на Нуњеш. Преговорите со самиот фудбалер завршија успешно и тој договори петгодишна соработка со Сити. Веќе се стартувани и преговорите меѓу клубовите, а првата понуда на „граѓаните“ изнесувала 50 милиони фунти (4о милиони загарантирани, плус десет преку клаузули).

Англискиот шампион се подготвува и за разделба од еден Португалец, откако Жоао Кансело ги финишира преговорите за преселба во Барселона. Сити ја прифати понудата за едногодишна позајмица, а Кансело в петок ќе ги мине лекарските прегледи во Шпанија по што ќе следи и потпис на договорот со каталонскиот гигант.

Се вчитува...