Серхио Гомез е нов фудбалер на Манчестер Сити, откако денеска потпиша четиригодишен договор со „граѓаните“. Шпанецот доаѓа во тимот на Сити од Андерлехт каде што настапуваше досега, и ќе треба да ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција по заминувањето на Александар Зинченко во Арсенал.
21-годишниот Гомез од Барселона дојде во Борусија Дортмунд како голем талент, но не ги покажа своите квалитети, и одигра само два меча, по што беше позајмуван во Хуеска, а среќата ја побара во Андерлехт каде имаше добри настапи, и тоа беше доволна препорака Сити да го ангажира.
„Јас сум многу горд и среќен што сум дел од Манчестер Сити. Дојдов во еден од најдобрите клубови и од Пеп Гвардиола имам шанса да учам, затоа што е еден од најдобрите тренерит во Светот. Со тоа што добив можност да бидам дел од Сити, се исполни мојот сон. Бројот на трофеи кои овој тим ги освои во минатите неколку години е неверојатен и го обожувам стилот на фудбал кој го негува овој тим. Се надевам деак брзо ќе се вклопам“, изјави Гомез на промоцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

