Фил Фоден е херојот на Манчестер Сити кој донесе победа од 3-1 на градското дерби со Манчестер Јунајтед, со два голаво второто полувреме откако „црвените ѓаволи“ беа тимот со предност по првите 45 минути.
Маркус Рашфорд со еврогол го донесе гостинскиот тим во водство, Сити имаше целосна доминација, но бункерот на гостите издржа до крајот на првото полувреме пред се благодарение на Ерлинг Халанд, кој промаши неверојатна шанса, од два метра шутирајќи над гредата.
Ситуацијата се промени во вториот дел откако Фоден најпрвин постигна еврогол од дваесетина метри, а крилниот офанзивец во 80. минута реализираше и по вторпат, со мајсторски удар крај нозете на Онана во мрежата на „црвените ѓаволи“. Гостите мораа да се отворат, но по една почетничка грешка на Амрабат топката стигна до Халанд, кој без проблеми го совлада гостинскиот голман за конечни 3-1.
„Граѓаните“ се вратија на само еден бод негатива во однос на Ливерпул, со четири бода предност пред Арсенал кој има и натпревар помалку од двете водечки екипи на табелата.
Манчестер Сити во следното коло го очекува гостување против лидерот Ливерпул, потоа и дерби на домашен терен со Арсенал, дуели кои дефинитивно ќе имаат огромно влијание врз трката за шампионската титула во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА