Сити го тресна Јунајтед и се врати на врвот, реми за Арсенал

Актуелниот првак Манчестер сити го доби градското дерби против Манчестер јунајтед со 3-1 и се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата, со два бода предност во однос на второпласираниот Ливерпул. „Граѓаните“ покажаа повеќе во големата пресметка и заслужено славеа.

Давид Силва во 12.минута го доведе домашниот тим во водство на големото дерби. На стартот од вториот дел, Серхио Агуеро зголеми на 2-0 и го најави триумфот. Антони Марсијал во 58.минута даде надеж и за црвениот дел од Манчестер, но Илкај Гундоган во 86.минута дефинитивно ги откажа противничките фанови.

Арсенал одигра 1-1 на домашен терен против Вулверхемптон. Гостите дојдоа до предност со голот на Иван Кавалеиро во 13.минута, а „топчиите“ израмнија преку Хенрик Мхитарјан во 86.минута.

Се вчитува...