Сити граби кон титула: Гундоган е „гол-машина“ (ВИДЕО)

Манчестер сити граби сериозно кон нова титула во Премиерлигата, по триумфот во 24. коло и со Тотенхем, убедливо со 3-0.

„Граѓаните“ поведоа со голот од пенал на Родри во 23. минута.

Во вториот дел проработи „гол-машината“, Гундоган кој стрелаше во 50. минута и во 66. минута, за конечни 3-0.


Манчестер сити сега има предност од седум бода предност во однос на второпласираниот Лестер, кој има и натпревар повеќе.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...