Сити и Арсенал се договорија, Зинченко заминува во Лондон

Манчестер Сити и Арсенал си подадоа рака за договор и продажба на Олександр Зинченко. Сити од „топчиите“ успеал да извлече дури 30 милиони фунти за трансферот на украинскиот репрезентативец, а според последните најави истиот веќе е пред конечна реализација.

Фановите на социјалните мрежи се чудат како Арсенал се согласил да даде 30 милиони фунти за играч кој одигра само 15 натпревари за Манчестер Сити минатата сезона во Премиер лигата.

„Граѓаните“ досега се засилија со Ерлинг Халанд, Жулијан Алварез и Калвин Филипс, а клубот го напуштија Габриел Жезус кој се пресели во Арсенал и Рахим Стерлинг кој кариерата ја продолжува во Челси.

Се вчитува...