И покрај несогласувањата со управата на Јувентус, Паоло Дибала е пред останување во Торино. „Тутоспорт“ тврди дека наскоро ќе бидат објавени деталите од новиот договор на офанзивецот, кој наводно веќе се согласил на новата соработка.
Исходот од преговорите со Јувентус, со нетрпение го чекаа од Манчестер Сити и од Интер. Меѓутоа Дибала ја отфрлил можноста да отиде во лутиот ривал на Јувентус во Милано, а исто така се чини залудни се надежите и на Сити.
И натаму трае сагата околу новиот договор на Дибала, за кој се шпекулира веќе долго време. Но, се чини дека многу брзо ќе биде официјализирано дека Дибала ќе остане дел од Јувентус и во следните четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА