Сити и Јунајтед рамо до рамо – кој ќе биде победник?

По пет одиграни натпревари во Премиер-лигата, Манчестер сити и Манчестер јунајтед се на врвот на табелата. Моменталната табела вели дека „граѓаните“ се на првото место, само поради азбучниот редослед, поради тоа што буквата „Ц“ е пред буквата „У“ во англиската азбука.

Значи, Сити и Јунајтед засега имаат по 13 бодови, двете екипи имаат по +14 разлика во однос на погодоци, поточно постигнале по 16 гола, а примиле само по два. И двата клубa имаат по четири победи, но и по едно реми.

tabelapl

Зад нив се актуелните шампиони Челси, кои по киксот со Барнли полека влегуваат во свој ритам, а со три победи по ред Њукасл експресно се искачи на горниот дел на табелата.

Се вчитува...