Сити и Ливерпул убедливи, Јунајтед непрепознатлив

Манчестер сити лесно го освои Лондон на гостувањето кај Вест Хем славејќи со 0-4, а со сличен ефект (0-3) одговори и Ливерпул на гостувањето против Ватфорд. Манчестер јунајтед не пронајде решение за одбраната на Кристал Палас и на „Олд Трафорд“ ремизираше без голови. Тоа се нови проблеми за Жозе Мурињо по 13.коло во Премиер – лигата.

„Граѓаните“ завршија работа по само едно полувреме. Давид Силва, Рахим Стерлинг и Лирој Сане постигнаа три гола и го решија прашањето околу победникот. Во судиското продолжение од мечот уште еден погодок постигна Лирој Сане.

Ливерпул се мачеше во првиот дел, но потоа „црвените“ експлодираа. Салах го отвори резултатот, Александер – Арнолд зголеми на 0-2 со прекрасно изведен слободен удар, а Фирмино ја потврди победата.

Резултати Англија: Брајтон – Лестер 1-1, Евертон – Кардиф 1-0, Фулам – Саутемптон 3-2, Манчестер јунајтед – Кристал Палас 0-0, Ватфорд – Ливерпул 0-3, Вест хем – Манчестер сити 0-4.

Се вчитува...