Сити имаше неочекуван херој во куп-победата над Плимут

Манчестер Сити многу потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот откако „граѓаните“ вечерва славеа на домашен терен над Плимус со 3-1. Тимот што во минатата рунда славеше над Ливерпул најави нова сензација откако во првото полувреме прв стигна до предност на „Етихад“.

Сепак, изненадување спречи младиот О’Рајли, кој постигна два значајни гола за Сити, првиот за израмнување на 1-1 во последните секунди од првото полувреме, а вториот по корнерот на Фоден за водство од 2-1, откако неговите соиграчи претходно промашија бројни стопроцентни шанси за гол.

Конечните 3-1 во судиското продолжение ги постави Де Бруине на асистенција на Ерлинг Халанд.

Претходно, Кристал Палас славеше над Милвол со 3-1, Престон беше подобар од Барнли со убедливи 3-0, а најнеизвесно беше на дуелот меѓу премиерлигашите Борнмут и Вулверхемптон, каде домаќините славеа дури по подобро изведување пенали откако мечот по 120 минути игра заврши 1-1.

Се вчитува...