Манчестер сити денеска го официјализираше трансферот на Лапорт, но дефанзивецот на Манчестер сити најверојатно нема да биде последно засилување на Пеп Гвардиола во овој преоден рок. Ријад Марез е желбата на трофејниот стратег, кој веќе испратил и официјална понуда во висина од 60 милиони евра, се со цел експресно да го доведе алжирскиот интернационалец во своите редови.
Гвардиола се помирил со поразот од Мурињо во трката по Алексис Санчез, но ситуацијата се искомпликува со повредата на Сане, кој ќе отсуствува најмалку шест седмици од терените. Во таква ситуација стратегот на Сити е решен да доведе нов офанзивен играч, а Пеп е убеден дека Марез перфектно би се вклопил во неговите тактички замисли.
Самиот фудбалер инсистира да му биде дозволено да си замине, па тој попладнево поднел барање за трансфер до раководството на Лестер. Сличен развој на настаните имаше и во текот на летото, кога „лисиците“ одбија да го продадат во Арсенал, но тогаш Арсен Венгер не понуди повеќе од 45 милиони евра, сума што Гвардиола денеска значително ја надмина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА