Сити ќе го пушти Мангала да замине без отштета

Англискиот првак Манчестер Сити одлучи да го ослободи дефанзивецот Елаким Мангала. Иако одбранбениот фудбалер потпиша продолжување на договорот до јуни 2020 година, сепак, по разговорот со менаџерот Пеп Гвардиола добил објаснување дека може да си замине во друга средина.

Мангала дојде од Порто во 2014 година, но се мачеше со повреди. Тој одигра само 57 натпревари за „граѓаните“ за пет сезони, а играше и на позајмица. Статистичарите пресметаа дека Мангала го чинел Манчестер Сити повеќе од 1 милиони фунти по натпревар, ако се знае дека заработи околу 20 милиони фунти за пет сезони, а на Порто беше платена отштета од 42 милиони фунти. Тој се вбројува меѓу десетте најскапи трансфери во историјата на Сити.

 

Се вчитува...