Манчестер сити и Кевин Де Бруин се блиску до обновување на соработката со 2024 година. Белгиецот ќе стави потпис на нов шестгодишен договор со зголемена неделна плата од 210.000 фунти, или околу 12 милиони фунти годишно.
„Среќен сум во Сити. Не размислувам за никаква преселба, ниту друг клуб. Драго ми е што сум дел ваков амбициозен проект, се совпаѓа со моите амбиции, ми се допаѓа и стилот на игра кој го негуваме. Соработката со Гвардиола е исполнување на сонот, нема сомнежи дека со него ќе оствариме многу успеси“, истакна Де Бруин.
26-годишниот белгиски репрезентативец пристигна во 2015 година за клупски рекорден трансфер вреден 55 милиони фунти. За „граѓаните“ досега има постигнато 30 погодоци, а на 114 настапи во сите натпреварувања 49 пати се запиша како асистент.
Покрај Де Бруин, обновување на договорите чекаат и Габриел Жесус, Лирој Сане, како и летното засилување Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА