Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити конечно потсетија на шампионските денови откако на домашен терен славеа против Вест Хем со убедливи 4-1 во меч од 20 коло од Премиерлигата.
Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Цуфал во 10. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Халанд во 42. минута. Истиот фудбалер во 55. минута зголеми на 3-0, додека три минути подоцна беше и 4-0 со голот на Фоден. До крајот гостите само го ублажија поразот 4-1, преку Филкруг во 71. минута.
Челси повторно не победи откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Кристал Палас. Гостите поведоа со голот на Палмер со 0-1 во 14. минута, додека конечните 1-1 ги постави Матета во 81. минута.
Crystal Palace [1] – 1 Chelsea – Jean-Philippe Mateta 82'
byu/slimcase121 insoccer
Во останатите мечеви од понудата од 16 часот: Астон Вила – Лестер 2-1, Бормут – Евертон 1-0 и Саутемптон – Брентфорд 0-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА