Сити крева раце од Де Бруине; се знае и неговиот наследник

Манчестер Сити веќе го планира играчкиот ростер за наредните неколку сезони, а интересно е што во плановите на Пеп Гвардиола и на раководството на актуелниот европски првак не е задржување на Кевин де Бруине. Белгиецот е клучна фигура во составот на Гвардиола, но тој во последните две години минува премногу време надвор од терените поради повреда, па така сезонава се уште нема дебитирано за „граѓаните“.

Де Бруине сега има 32 години, договорот му истекува во јуни 2025, кога фудбалскиот генијалец ќе има 34 години, а во Сити не се убедени дека тој ќе може да ја задржи формата. Според „граѓаните“, постои сериозна опасност од нови повреди и уште подолги паузи, поради што беа прекинати преговорите за нов договор, а на Де Бруине му беше ставено до знаење дека соработката со него нема да биде продолжена.

Останува да се види дали Сити ќе се обиде да го продаде и да заработи добро следното лето, или ќе го задржи до истекот на договорот, но англиските медиуми најавуваат дека Гвардиола веќе го избрал и неговиот наследник. Станува збор за германскиот репрезентативец Џамал Мусиала, 20-годишната ѕвезда на Баерн која важи за еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Мусиала може да игра како класичен плејмејкер или крилен офанзивец, а неговата универзалност го прави идеален кандидат за Пеп Гвардиола.

Тој засега делува среќно во Баерн, но во Сити се оптимисти дека со понуда од околу 100 милиони евра ќе го убедат баварскиот гигант на трансфер, а потоа и ќe постигнат договор со Мусиала да се пресели во Манчестер.

Се вчитува...