Сити лесно победува и без Гвардиола на клупата

Манчестер Сити рутински ја мина првата пречка во ФА Купот, убедливо триумфирајќи на гостувањето против нисколигашот Свиндон со 1-4. „Граѓаните“ го немаа на клупата Пеп Гвардиола, кој е позитивен на коронавирус заедно со уште неколку првотимци, но тоа не му пречеше на актуелниот првак на Англија лесно да стигне до победата и пласманот во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување.

Бернардо Силва беше стрелец на водечкиот гол за Сити, а на 0-2 нешто подоцна зголеми Габриел Жезус, резултат со кој се замина на одмор. Гундоган стрелаше прецизно од слободен удар за трет гол на Сити, а при резултат 0-3 Жезус не реализираше пенал за гостинскиот состав.

Свиндон постигна почесен гол преку Мекирди во 78. минута, а конечните 1-4 четири минути подоцна ги постигна младиот Палмер.

Се вчитува...