Сити му нуди нов договор на Родри

Родри имаше сезона за заборав, но Манчестер сити е свесен колку е важен за нив и одлучи да му понуди нов договор.

Поради сериозна повреда, единствениот освојувач на „Златната топка“ во историјата на клубот ја пропушти речиси целата сезона. А тоа имаше големо влијание врз резултатите на „граѓаните“.

Сепак, Родри се опорави, а Сити е решен да го зацементира по секоја цена. Затоа подготви нов договор за него.

Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека според цената на тој договор, тој би бил вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Халанд. Исто така, познато е дека овој договор треба да трае до 2029 година.

Минатата сезона Родри одигра само осум натпревари во сите натпреварувања.

Се вчитува...