Сити му прави проблеми на Арсенал во трката за Рајс

Манчестер Сити се вклучи во трката за капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс. Прв кандидат за купување на англискиот репрезентативец беше Арсенал. „Топчиите“ понудија преку 100 милиони евра за Рајс, но Вест Хем ја одби таа понуда.

Сега во трката се вклучи и актуелниот шампион на Европа и освојувач на Премиер-лигата. Сепак, не е познато колку пари понудил Сити.

Во овој преоден рок Сити го напушти Илкај Гундоган, додека во Манчестер пристигна Хрватот Матео Ковачиќ, а Рајс треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на шампионот на Англија.

Се вчитува...