Манчестер сити дури по подобро изведување на пенали се пласираше во полуфиналето од Лига-купот на Англија откако вечерва по голема битка славеше над Лестер. Двајцата стратези одморија голем дел од првотимците за претстојниот згуснат премиерлигашки календар, по 90 минути игра резултатот гласеше 1-1, а во пенал-рулетот блесна младиот голман Муриќ, кој со два одбранети удари од белата точка се претвори во херој на Сити .
„Граѓаните“ беа подобар противник во првото полувреме, заслужено поведувајќи со прекрасниот погодок на Де Бруие постигнат од над 20 метри. Тимот на Гвардиола пропушти уште неколку шанси во првиот дел, а потоа на стартот од второто полувреме Агуеро во ситуација „еден на еден“ не успеа да го совлада Ворд. Казната стигна откако Олбрајтон извонредно прими една топка зад противничката одбрана, па со силен удар го матираше Муриќ.
Во пенал-рулетот прв промаши Фукс во втората серија за Лестер, но веднаш услугата му ја возврати Стерлинг, кој исто како него шутираше над гредата. Потоа на сцена стапи младиот Муриќ, кој ги одбрани следните два пенали на Лестер и го трасираше патот на Манчестер сити кон следната рунда.
#Leicester 0:1 #ManchesterCity / #FACup / Round of 16 / 14′ #DeBruyne#LEIMCI
via @VideoGoals_HD pic.twitter.com/sIycd2cJZd— via @VideoGoals_HD (@viaVideoGoals15) December 18, 2018
#Leicester 1:1 #ManchesterCity / #FACup / Round of 16 / 73′ #Albrighton#F95BVB
via @VideoGoals_HD pic.twitter.com/NMBXq7vMLt— via @VideoGoals_HD (@viaVideoGoals15) December 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА