Манчестер Сити се подготвува за „живот“ без Кевин де Бруине, кој на крајот на сезоната си заминува од клубот. Белгиецот беше еден од клучните играчи за успесите на клубот во изминатиот период.
За Гвардиола прв пик беше Флоријан Вирц, но надежите дека ќе дојде на Етихад исчезнаа, откако самиот играч одлучи да се пресели во Баерн Минхен, и да остане во Германија.
Затоа сега Сити ќе се сврти кон Италија, кон „Сан Сиро“ каде што игра тимот на Милан. А, таму прв пик да го замени Де Бруине е холандскиот интернационалец Тијан Рејндерс, кој се етаблираше за најдобар играч на „росонерите“ оваа сезона.
Милан веќе ја има одредено цената за него, а таа е 67 милиони евра, идентично како клупскиот рекорд на Кака, кој беше продаден на Реал Мадрид за 67 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

