Манчестер Сити е блиску до договор за продажба на Жоао Кансело во Саудиска Арабија од која ќе добие 38 милиони евра, пишува весникот Ал Ријадија.
Кандидат за потписот на Португалецот е Ал-Хилал , кој е актуелен шампион и во кој настапува Нејмар. Според информациите, веќе има и официјална понуда, и двете страни се блиску до договор.
Кансело минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона, каде на 42 меча даде четири гола и имаше пет асистенции. Од јануари до јуни 2023 година играше како позајмен во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА