Ерлинг Халанд има договор со Манчестер Сити до 2027 година, а во него има клаузула со која голгетерот може да си замине од клубот за сума од 175 милиони евра. Отштетата е огромна, но Реал Мадрид веќе почна да го „мерка“ Халанд, а во трката се вклучува и Барселона која со најновиот спонзорски договор со „Најк“ конечно целосно ќе ги надмине финансиските проблеми.
Поради ова, управата на Манчестер Сити прави се што може за да го убеди Халанд да потпише нов договор до 2029 година, без клаузула за заминување во истиот. Последните информации од „островот“ говорат дека двете страни се многу блиску до договор по последната понуда на Сити, која би значела и негово искачување на врвот на листата најплатени фудбалери во Премиер-лигата.
Имено, Халанд има на маса понуда за неделна плата од 600.000 евра, или вкупно 2,4 милиони евра месечно. Засега најплатен фудбалер во Премиер-лигата е неговиот соиграч Кевин де Бруине со 500.000 евра неделно, но договорот на Белгиецот со Сити истекува на крајот од сезонава, а „граѓаните“ овие пари би ги насочиле токму кон Халанд.
Целта е јасна, во следните месеци да се „врзат“ и Халанд и Пеп Гвардиола, но останува да се види дали овој план на раководството на Манчестер Сити ќе се реализира…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА