Сити одлучи: Бернандо Силва не е на продажба!

Манчестер Сити донесе одлука дека ова лето нема да го продава Бернардо Силва, па на тој начин и ја затвори вратата на Барселона, иако Каталонците имаат многу сериозен интерес за играчот.

Каталонскиот гигант силно го посакува Португалецот, дури и стапи во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш, а и самиот Бернардо Силва покажа желба за преселба на „Камп Ноу“.

На почетокот на овој месец, каталонски „Спорт“ објави дека Барселона е подготвена да испрати понуда вредна 70 милиони фунти и се надеваат дека таа ќе биде прифатена. Фудбалерот и минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но тогаш беше убеден од Гвардиола да остане на „Етихад“.

„Спорт“ сега пренесува дека „граѓаните“ се категорични и дека раководството донело одлука да бидат одбиени сите понуди кои ќе пристигнат бидејќи играчот не е на продажба.

Се вчитува...