Сити Парк Бојс – 20 години симбол за навивачка група (фотогалерија)

 

Работнички вечерва ја пречекува Струмица, натпревар што резултатски воопшто не е неизвесен, но затоа интересно е на трибините во „Градски парк“.

Домашните фанови се собрани во најголем број сезонава за роденденот на Сити парк бојс, и тоа јубилејниот дваесетти што најверните навивачи на Работнички вечерва го прославуваат. Низ годините оваа навивачка група се наметна како една од водечките на тифо-сцената во Македонија, славејќи ги успесите и трофеите со своите миленици, но и давајќи им поддршка на кошаркарите во периодите на криза на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Дел од целиот декор беше и миленикот на Сити парк бојс, тренерот Марин Докузовски, кој со шал на навивачката група го водеше денешниот натпревар.

Прославата денеска беше прекрасна, но желбата на сите е на крајот од сезонава да има уште поголема – за прослава на нова титула.

[new_royalslider id=”881″]

 

Се вчитува...