Навивачката група на Работнички, „Сити Парк Бојс“ незадоволна од ситуација во својот клуб преку соопштение информираше дека ќе ги бојкотира натпреварите на Работнички, се додека актуелното раководство на клубот не си поднесе оставка.
Најверните фанови на тимот од Градски парк, нагласуваат дека не може да молчат додека нивниот миленик се мачи од сезона во сезона.
„Чашата е прелеана! Долги години нашиот миленик КК Работнички тоне во долгови и се мачи од сезона во сезона да скрпи крај со крај поради криминалците во одела во управата и стручниот штаб. Ние бараме оставка од управата во најкус можен рок и отчет на сите влезни и излезни средства од КК Работнички кој за нас е светост, а за некого очигледно само бизнис проект! Затоа одлучивме да ги бојкотираме сите домашни натпревари (на туѓ терен) на нашиот миленик. Борбата за нас почнува во овој момент!“ – се вели во соопштението на Сити Парк Бојс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

