Работнички доживеа голем срам во кошаркарскиот Куп на Македонија каде претрпе историски дебакл од вечниот ривал МЗТ Скопје кој пак приреди час по кошарка и го совлада противникот со преубедливи 97-63.
Поразот наиде на големо разочарување и кај самиот тренер Горан Самарџиев кој ги критикуваше своите играчи за залагањето, поготово кога станува збор за вечно дерби, но и кај најверните навивачите на трофејниот македонски тим „Сити парк бојс“ кои се огласија преку соопштение на социјалните мрежи. Истото ви го пренесуваме во целост:
„Проблем не е поразот, проблемот сте вие!
По една недела пауза не чека наредно коло против екипата на Тиквеш, каде ќе го истуриме целиот гнев кон сите кој ветуваат резултат а испорачуваат срам.
Мобилизација на секоја генерација, на секој кој некогаш се израдувал на успехот на овој клуб.
НИЕ СМЕ РАБОТНИЧКИ А НЕ ТИЕ НА ТЕРЕН!“, стои во објавата на „Сити парк бојс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА