„Сити Парк Бојс“ до кошаркарите: Соблечете ги дресовите, вие не заслужувате да играте за Работнички

Хаотично е во таборот на Работнички откако „центарци“ загубија на домашен терен и од Феникс, четврти пораз во десеттиот меч за тимот кој најавуваше атак на титулата, а делува како почетнички состав без никакво искуство и минимален квалитет.

Кошаркарите делуваат загубено на теренот, новиот тренер Самарџиев не успева да го разбуди тимот, а навивачите со право се незадоволни. По денешниот пораз, сите кошаркари и членовите на стручниот штаб беа викнати „на пеење“ пред навивачката трибина во „СРЦ Кале“.

Пораката беше јасна, дека овие кошаркари не заслужуваат да го носат дресот на најтрофејниот клуб, по што дел од нив ги фрлија и дресовите на терен, пред незадоволните навивачи.

Повеќе од јасно, Работнички и покрај средената финансиска состојба се повеќе тоне во криза на која не и се гледа крајот…

Се вчитува...