Навивачите на Работнички со години и години наназад слушаат празни ветувања за изградба на нова сала која би го заменила „Градски парк“ како нов дом на најтрофејниот кошаркарски колектив.
Овие ветувања најчесто се даваат за време на кампањите, а кога ќе се дојде на власт има конкурси, идејни решенија и што уште не… само нема абер од изградба на нова арена за КК Работнички.
На „Сити Парк Бојс“ очигледно им здодеа чекањето, па денеска на оградата на Општина Центар се појавија транспаренти: „Пинокио, те чекаме во новата сала“…
Дали овој градоначалник зборовите ќе ги претвори во дела или ќе остане само на празни ветувања како неговите претходници, останува да се види…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА