Од навивачката група на КК Работнички „Сити Парк Бојс“ се огласија по повод случувањата во клубот.
Од таму поставија прашања до управата на Работнички.
„Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда. Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на истите да одговори.
Одговорете на следните прашања:
Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички ?
Дали е точно дека наместо 400 000евра(според договорот) за оваа сезона и 500 000евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС(јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?
Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?
Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога истите ќе ги исплатите?“, стои во соопштението на „Сити Парк Бојс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА