Навивачката група на Работнички, популарните „Сити парк бојс“, преку соопштение до јавноста реагира на најновата одлука на раководството на МКФ и Комесарот за натпреварување Владо Цветковски, кој со писмено соопштение на неколку дена пред дерби натпреварот со МЗТ Скопје му порачал на раководството на најтрофејниот клуб дека ќе мора да го игра вечното дерби без присуство на фанови на навивачката трибина, како и со засилени безбедносни мерки на останатите делово од салата.Соопштението на Сити парк бојс го пренесуваме во целост: ЗА КОГО СЕ ИГРА КОШАРКА ВО МАКЕДОНИЈА!?Тоа е прашањето на кое никогаш нема да добиеме одговор од способно ограничени личности кои се преполни со соломонски решенија и еден куп иновативни ‘’Идеи’’ ,а во народот се познати како МАКЕДОНСКА КОШАРКАСКА ФЕДЕРАЦИЈА .Некој ќе се запраша зошто пак сега овие критики упатени кон нив.Само ќе кажеме еве го нашиот одговор за целокупната македонска спортска и навивачка јавностПред неколку дена на адреса на нашиот клуб КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ стигна некаков допис во кој се наведува дека салата ГРАДСКИ ПАРК е суспендирана (поради наводни инциденти и пропусти со КК КАРПОШ СОКОЛИ) ама истовремено и не е суспендирана,човекот од МКФ и сам не знае што сакал да каже .Лани токму на барање на МКФ се постави заштитна мрежа и се скрати добар дел од навивачката трибина и дел од б-трибината и сега тоа повеќе ништо не важи. Но тоа како да не беше доволно и после првиот катиљ ферман стигна друг уште покатиљ од првиот во кој се бара следново пред одигрувањето на ГРАДСКОТО ДЕРБИ– Да се затвори и да не биде во употреба НАВИВАЧКАТА ТРИБИНА на натпреварот против МЗТ Скопје– Да се затвори Б ТРИБИНАТА – Да се отстранат повеќе редови од А ТРИБИНАТА и на истите да има редарска служба а не љубители на кошарката кои се постојано присутни на истата– и многу други глупости и нелогичности што се бараат од службеното лице при МКФ Од што толку се уплашивте сите па стравот што ви се втера во коските ве натера да правите вакви нелогични потези. Дали спремате уште некое црно сценарио како резервен план б?Зошто не побарате празна сала?Зошто не побарате КК РАБОТНИЧКИ сите натпревари до крај службено да ги изгуби?Зошто не побарате навивачите и симпатизерите на КК РАБОТНИЧКИ да се преселат во некоја друга земја,континент,планета?Затоа ги повикуваме сите оние на кои КК РАБОТНИЧКИ и црвено белата боја им е во крвта без разлика дали се навивачи, симпатизери или само љубители на кошарката да ја наполнат до последно место салата во Градскиот Парк, за инает на сите оние кои ја уништуваат кошарката и ги бркаат сите од спортските сали за да си прават приватна лига по нивни правила. Повеќе нема што да се молчи и да се правиме дека не сме од тука, ова е директен атак врз нашиот клуб и мораме сите заедно да бидеме ПРВА ЛИНИЈА НА ОДБРАНАТА на МАК БАСКЕТОТ! ЗАБРАНЕТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ САМИ.ШТО ЌЕ ВИ Е ПУБЛИКА И ПОЛНИ САЛИсо почитCITY PARK BOYS 1997
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА