Манчестер Сити ја доби градската пресметка против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-2 и се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата со еден бод предност во однос на Ливерпул. „Граѓаните“ го надиграа ривалот, а славеа со головите на Бернардо Силва и на Лирој Сане постигнати во второто полувреме.
Манчестер Јунајтед имаше сили да одолева само едно полувреме, но и во првите 45 минути беше комплетно инфериорен, иако играше пред своите гледачи. Тимот на Пеп Гвардиола имаше неколку можности преку Серхио Агуеро, а одлично бранеше Давид де Хеа. Но, во 54.минута Бернардо Силва успеа да ја затесе неговата мрежа, а 12 минути подоцна тоа му успеа и на Лирој Сане.
Јунајтед немаше сили да возврати и на три кола пред крајот останува на шестата позиција со 64 бода, три помалку од четвртопласираниот Челси, кого во следното коло го пречекува на домашен терен.
Вулверхемптон му зададе голем удар на Арсенал совладувајќи го со 3-1. „Топчиите“ не го искористија ремито на Челси и останаа на петтата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА