Сити повторно „киксна“, Челси со фудбалер помалку поразен од Фулам (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манечестер сити и трет натпревар во низа одигра само реми во домашниот шампионат откако вечерва ремизираше против Брајтон 1-1 во меч од 21. коло од Премиерлигата.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Ерлинг Халанд од пенал во 41. минута, додека конечните 1-1 ги постави Митома во 60. минута.

Manchester City 1 – [1] Brighton – K. Mitoma 60'
byu/Alsace2025 insoccer

Челси доживеа нов срам во Премиерлигата откако загуби на гостувањето кај Фулам со 2-1. И по отказот на Мареска фудбалерите на тимот од Лондон праат глупости, бидејќи Кукурела доби директен црвен картон уште во 22. минута и ги остави на цедило соиграчите.

Во останатите мечеви од програмата од 20.30 часот: Кристал Палас – Астон Вила 0-0, Брентфорд – Сандерленд 3-0, Евертон – Вулверхемптон 1-1 и Бормут – Тотенхем

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...