Манчестер Сити продолжува да „гази“ во Премиер-лигата. Нова жртва на четата на Пеп Гвардиола беше Барнли кој беше совладан со 0-2. Габриел Жезус во 3. минута донесе водство за „граѓаните“, додека во 38. Стерлинг зголеми на 0-2. До крајот за издвојување е и поништениот гол на Ријад Марез во 57. минута.
Лестер им се врати на победите откако славеше на гостувањето кај Фулам со 0-2. Ихеначо во 17. и Жастин во 44. беа творци на победата на „лисиците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

