Кога Манчестер Сити се стекна со предност од 0-2 на 12 минути пред крајот на средбата со Брентфорд, се чинеше дека „Граѓаните“ ќе дојдат до нова победа во Премиерлигата. Меѓутоа на крајот домаќините со два гола ги казнија утките на гостите, и на крајот успеаја да се спасат од пораз.
Отпорот на Брентфорд траеше 66 минути, а потоа Фоден успеа да донесе предност за Сити. Истиот играч во 78. минута зголеми на 0-2. Виса во 82. минута ја врати надежда, а целосен шок за Пеп Гвардиоала донесе Норгард во втората минута од судиското надополнување.
Челси на домашен терен за малку ќе доживеше шокантен домашен пораз од Борнмут, и покрај тоа што во првиот дел имаше предност. Палмер во 13. минута ја продолжи гол серијата во дресот на Челси, и се чинеше дека ќе му донесе нов триумф на својот тим.
Клајверт од пенал во 50. минута од средбата успеа да израмни, а Семенјо со убав гол во 68. минута донесе предност за Борнмут. Џејмс во судиското надополнување го спаси Челси.
Вест Хем успеа да дојде до победа над Фулам со 3-2. Имаше предност 2-0 тимот од Лондон со головите на Солер и на Соучек, но Ивоби донесе неизвесност. Нова предност од +2 донесе Пакета, а Ивоби успеа да намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА