Манчестер сити без никакви проблеми обезбеди пласман во петтото коло од ФА Купот на Англија, откако „граѓаните“ на домашен терен рутински го совладаа Барнли со убедливи 5-0. Пеп Гвардиола можеше да си дозволи да ги одмори Агуеро, Стерлинг, Сане и Давид Силва, а тоа воопшто да не се одрази врз играта на актуелниот англиски шампион. Хесус го отвори резултатот по одлична соло-акција во првото полувреме, а во вториот дел Сити постигна уште четири погодоци, преку Бернардо Силва, Де Бруине, четвртиот беше автогол на Лонг, а петтиот дело на „резервистот“ Агуеро од пенал.
Вулверхемптон, кој во минатото коло го елиминираше Ливерпул, денеска со голема мака се избори за втор натпревар против третолигашот Шрузбери. „Волците“ се најдоа во негатива од 2-0 на ова гостување, но сепак стигнаа до израмнување благодарение на Хименез и на Доерти, кој го постигна погодокот за 2-2 во 93. минута од овој драматичен натпревар.
Дуелот на двете премиерлигашки екипи Њукасл и Ватфорд заврши со триумф на гостите од 0-2, со погодоците на Греј и на Суксес постигнати во второто полувреме.
Брајтон не ја искористи предноста на домашниот терен против ВБА ремизирајќи 0-0, а Мидлсброу пред своите гледачи одигра само 1-1 против нисколигашот Њупорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА