Сити пукна „стотка“, голеада на Тотенхем и Лестер

Манчестер сити на фантастичен начин ја заокружи неверојатната сезона во Премиер – лигата, освојувајќи неверојатни 100 бода. Тимот на Пеп Гвардиола славеше и на гостувањето против Саутемптон (0-1) со голот на Габриел Хесус во последните моменти од дуелот.

Ливерпул со триумф од 4-0 ја завери Лигата на шампионите, Челси остана без ЛШ, а голеада се случи на мечот меѓу Тотенхем и Лестер (5-4).


Свонси, Стоук и Вест Бромвич Албион се клубовите кои се селат во Чемпионшип дивизијата од следната сезона.

Резултати Англија: Барнли – Бурнемаут 1-2, Кристал Палас – ВБА 2-0, Хадерсфилд – Арсенал 0-1, Ливерпул – Брајтон 4-0, Манчестер јунајтед – Ватфорд 1-0, Њукасл – Челси 3-0, Саутемптон – Манчестер сити 0-1, Свонси – Стоук 1-2, Тотенхем – Лестер 5-4, Вест Хем – Евертон 3-1.

Се вчитува...