Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога на осминафиналниот дуел од ФА Купот на Англија, славејќи на гостувањето против Њупорт со 1-4. Тешкиот терен за игра им создаде проблеми на „граѓаните“ во првиот дел, иако Гвардиола се реши за силен стартен тим со Сане, Хесус и Марез во навалната линија. Германецот Сане ја имаше најубавата шанса кога ја затресе гредата, но истиот фудбалер беше поуспешен на почетокот од второто полувреме, кога со силен удар го погоди голманот во главата, по што топката заврши во мрежата.
Откако отпорот на домашниот тим беше скршен Сити полесно доаѓаше до ситуација за гол, па на 0-2 зголеми младиот Фоден по извонредниот соло-продор од својата половина. Во 88. минута домаќините намалија преку Амонд, кој со извонреден лоб-удар ја смести топката во мрежата на Едерсон. Сите надежи на Њупорт за чудо исчезнаа во 89. минута, кога Фоден биеше прецизно за 1-3, пред Марез да ги постави конечните 1-4, за очекуван пласман на Сити меѓу најдобрите осум екипи во ФА Купот.
Во првите две денешни средби од ФА Купот Брајтон славеше со 2-1 над Дерби, додека Милвол како гостин тримфираше против Вимблдон со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА