Сити рутински со Брентфорд, Саутемтптон го „тресна“ Тотенхем во лудиот меч во Лондон (ВИДЕО)

Манчестер сити продолжува сигурно да чекори кон одбрана на титулата во Премиер-лигата. „Граѓаните“ на домашен терен го совладаа Брентфорд со 2-0 во меч од 24. коло. Ријад Махрез од пенал донесе водство за домаќините во 40. минута.

Конечните 2-0 ги постаиви Кевин де Брајне во 69 минута. Со овој триумф избраниците на Пеп Гвардиола само ја зголемија предноста на првенствената табела на дванаесет бода пред второпласираниот Ливерпул, кој сепак има два натпревари помалку.

Тотенхем загуби на домашен терен од Саутемптон со 2-3. Домаќините поведоа со автоголот на Беднарек во 18. минута, а до крајот на првиот дел „светците“ израмина со погодокот на Броја во 23. минута.

Во вториот дел конечните домашниот тим повторно поведе (2-1) со голот на Сон во 70. минута. И кога сите помислија дека избраниците на Антонио Конте ги урнаа отпорот на гостите се случи шок. Ељунуси во 79. и Адамс во 82. минута донесоа голем триуфм за гостите. До крајот Тотенхем постигна гол за израмнување во 93. минута преку Бергвајн, но по консултација со ВАР тој беше поништен поради офсајд. Во последниот меч од понудата од 20.45, Норич и Кристал Палас одиграа без победник 1-1.

 

 

 

 

 

Се вчитува...