Манчестер сити продолжува да ги меле противниците, откако во 10. коло на домашен терен славеше над Саутемтпон со 4-0.
Водство за „граѓаните“ од 1-0 донесе Жоао Кансело уште во 20. минута, а до паузата веќе беше и 2-0 со голот на Фоден во 32. минута. Во вториот дел Махрез во 49. минута зголеми на 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Ерлинг Халанд во 65. минута
Полека, но сигурно залет фаќа и Челси кој славеше на домашен терен над Вулверхемптон со 3-0. Стрелци на головите за сините беа Хаверц, Пулишиќ и Броја.
ПРЕМИЕР-ЛИГА 10. КОЛО:
Манчестер С. – Саутемптон 4-0
Челси – Вулверхемптон 3-0
Бормут – Лестер 2-1
Њукасл – Брентфорд 5-1
Manchester City 4 – 0 Southampton – Erling Haaland 65'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

