Сити се откажува од Халанд, на „мета“ е нов напаѓач

Опцијата Ерлинг Халанд да се пресели во Манчестер Сити дефинитивно отпадна бидејќи „граѓаните“ ќе се насочат кон друг напаѓач.

Според медиумите на Островот, главна трансфер цел и ова лето ќе биде Хари Кејн, кој веќе подолго време се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Напаѓачот на Тотенхем може да инсистира да замине, бидејќи тој самиот сака да се пресели на „Етихад“.

„Граѓаните“ во текот на минатото летото испратија неколку богати понуди за Кејн, но не успеаа да најдат заеднички јазик со Тотенхем.

„Спарси“ постави цена од 150 милиони фунти за својот напаѓач и немаше намера да попушти, па Кејн остана во Тотенхем. Во Сити се надеваат дека ќе можат да губедат Леви на лето, бидејќи Кејн се уште не ставил потпис на нов договор.

Се вчитува...