Англискиот премиерлигаш Манчестер сити убедливо го загуби (3-0) првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд роуд“ против Ливерпул, но тоа не го поколеба шефот за маркетинг да склучи партнерски договор со најпопуларната апликација за спојување осамени луѓе, „Тиндер“. Како што пренесуваат британските медиуми, се работи за мултимилионски договор.
„Тиндер е огромна глобална платформа која, како и фудбалот, поврзува милиони луѓе секојдневно со различни делови на светот. Веруваме дека со оваа соработка можеме да постигнеме дома. Фудбалот ги спојува фановите, поттикнува емоции и страст кои луѓето ги имаат кон спортот“, изјави шефот за маркетинг на Сити, Том Глик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА