Манчестер Сити очекувано лесно и убедливо славеше над Порт Вејл во третото коло од ФА Купот. Нисколигашот немаше никакви шанси за сензација против бранителот на трофејот, иако Пеп Гвардиола реши да одмори дел од првотимците. Серијата голови ја отвори Зинченко, а по него меѓу стрелците се запишаа и Агуеро, Фоден и Стоунс.
Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед ќе играат уште еден натпревар за да го одредат патникот во четвртото коло откако денешниот дуел заврши без голови. Солскјер се реши да го ротира тимот, одмори голем дел од првотимците, но „волците“ не знаеја како да го искористат тоа и да стигнат до победата.
Бурнемаут рутински ја одработе задачата против Лутон, триумфирајќи со 4-0. Стрелци на головите за победничката екипа беа Билинг (два), Вилсон и Соланке. Лестер исто така без мака се пласираше во следната рунда, славејќи со 2-0 над Виган. „Лисиците“ победата ја осигураа уште во првото полувреме, Пирс си постигна автогол во 19. минута, пред Барнс да ги постави конечните 2-0 во 41. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

